По пет месеци Охрид првпат загуби на меч од домашното првенство, 22-25 првпат во новата сезона, откако на гостувањето во Битола кај Еурфофарм Пелистер не успеаа „гладијаторите“ да освојат бодови. Сега три екипи, Охрид, Вардар и Еурофарм Пелистер имаа по 12 бода, и се на делба на второто место на табелата.
Охрид одигра лошо во текот на мечот, особено во првото полувреме кога имаше период од десет минути без постигнат гол, а примија пет. И во второто полувреме имаа период во кој му дозволија на противникот да отиде на дури осум гола предност.
Но, во последните минути гостите како да се разбудија, па драстично го стопија резултатот и дојдоа на само два гола негатива, 22-24. Но, немаше време за пресврт.
„Требаше да биде дерби, ама како игравме ние 54 минути, тоа беше пребавно претромо, ништо од тоа што го договаравме. Можеби моите критериуми се високи, можеби премногу верувам во моите играчи. Но, ова не е прата слика на нашата екипа. Во соблекувалната кажав дека овој пораз треба треба да биде една поука како не треба. Ако од ова не извлечеме поука нема добро да поминеме во Европа, па ниту во домашното првенство против големите екипи, вели Стефче Алушовски, тренерот на Охрид.
Следната недела Охрид го игра првиот меч од еврпските купови и е домаќин на романска Турда.