Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги очекува тежок натпревар на гостински терен против унгарскиот гигант Веспрем.
Тренерот на битолчани, Раул Алонсо, вели дека ќе патуваат во Веспрем за да бидат на висина на задачата во секој дел од натпреварот.
„Веспрем е меѓу најдобрите екипи во Европа со години, имаат долга историја и супер-екипа покриена со играчи од светска класа. Не е лесно да се подготват сите детали за овој натпревар. Имаме три дена за подготовка и ќе се припремиме најдобро. Тешко е да се игра пред фановите на Веспрем, гледачите вршат голем притисок и многу е важно да бидеме најдобри и со добар пристап. Одиме таму за да бидеме во секој дел од натпреварот на висината на задачата. Да го намалиме играчкиот недостаток на минимум“, вели Алонсо.
Тој на спротивната страна ќе го има Чави Пасквал, уште еден шпански стратег во елитната конкуренција.
„Чави Пасквал е мој познаник со години и чест е да се игра против него. Сум играл неколкупати против неговите екипи и сите знаат дека е меѓу најдобрите тренер во светот. Освои многу трофеи со Барселона и тоа ќе биде голем предизвик за мене“, смета шпанскиот тренер“, вели Алонсо.
Натпреварот меѓу Веспрем и Еурофарм Пелистер ќе се игра во „Веспрем Арена“ утре со почеток во 18:45 часот.