Алиловиќ: Во Битола атмосферата е неверојатна – знаеме што не чека!

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер утре го очекува продолжението од Лигата на шампионите и дуел со полскиот шампион Висла Плоцк.

Голманот на Висла Плоцк, Мирко Алиловиќ, ги сподели очекувањата од дуелот со пелистерци и гостувањето во Битола.

„Како што знаеме, најтешкиот и воедно најважниот дел од сезоната започнува сега. Секој натпревар и секој освоен бод имаат уште поголемо значење од претходно. Во Битола атмосферата е неверојатна, нивните навивачи силно го бодрат својот тим и нè очекува многу тежок натпревар. Ни се потребни овие бодови за да ја задржиме третата позиција и ќе дадеме сè од себе за да ги освоиме“, вели Алиловиќ.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Висла Плоцк се игра утревечер во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.