Aлиловиќ: Конечниот резултат не ја отсликува играта на теренот

Eден од клучните играчи за високата победа на Висла Плоцк беше хрватскиот чувар на мрежата Мирко Алиловиќ.

Тој запиша девет одбрани, но со одличен процент на успешност, 38%, а вели дека резултатот не ја отсликува играта на теренот.

„Ова беше одличен натпревар. Драго ми е што повторно се враќаме на победничките патеки. Почит и за Еурофарм Пелистер, бидејќи конечниот резултат не ја отсликува целосно играта на теренот. Во второто полувреме одигравме одлично во одбраната, што ни овозможи да реализираме многу контранапади и да постигнеме лесни голови. Овој резултат сигурно ќе ни ја зголеми самодовербата и покажува дека се движиме во вистинската насока“, вели Алиловиќ.

Висла Плоцк во следното коло ќе игра со францускиот ПСЖ.