Александра Коловска стави потпис на нов договор со Металург Автокоманда

Македонскиот вицепрвак Металург Автокоманда полека го формира играчкиот ростер за претстојната сезона во која ќе влезе со големи амбиции.

Кружниот напаѓач Александра Коловска, ја продолжи соработката за уште една сезона и ќе биде важна алка во тимот на Јулијана Дамчевска.

Претходно Металург Автокоманда ги договори Ива Божиноска, Анастасија Николовска, Петра Јершек, Ана Марија Коларовска и Сара Ристовска.

Договорите беа продолжени со голманката Софи Гошевска, десните крила Мина Ѓурческа и Марија Гугуљанова, левото крило Јана Ѓошевска, како и левиот бек Марија Јанкуловска.

Металург Автокоманда минатата сезона го освои второто место и играше на Ф4 во Купот на Македонија, а претстојната сезона покрај на домашна сцена, ќе биде активен и во ЕХФ Европскиот Куп.