Александар Зарков ќе го води Еурофарм Пелистер 2

Поранешниот македонски репрезентативец Александар Зарков се враќа во Битола по ангажманот во грчкиот тим Јонијас.

Тој доаѓа на местото на Михаил Петровски и ќе седне на клупата на Еурофарм Пелистер 2 за претстојните прволигашките битки од септември.

За Зарков ова е камбек во тимот кој го водеше како прв тренер, а му беше и асистент на Александар Јовиќ.

По завршувањето на богатата играчка кариера во која играше за Еурофарм Пелистер, Металург, Металопластика, Дукас и Птолемаида, одлично се снајде во тренерските води.

Беше дел од младинските категории во Еурофарм Пелистер, работеше и во ХЈС Работник, а по ангажманот во Еурофарм Пелистер 2 замина во Грција.