Еден од кандидатите за претседател на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, направи убав потег пред патот на репрезентацијата за Хрватска на СП 2025.
Стефанов, кој е генерален спонзор на ракометниот клуб Бутел Скопје, како и член на УО на РФМ, финансиски го поддржа националниот тим, кој го чека настапот на 14 големо натпреварување во низа.
Македонија ја чека пат кон Хрватска, на 8 јануари следува тест против домаќинот на СП, а потоа ќе има уште две пресметки против Сесвете и Зеленортските Острови.
На Мундијалот нашата репрезентација ќе игра против Унгарија, Холандија и Гвинеја, а доколку се пласира во главната рунда ќе се соочи со најдобрите три од селекциите на Франција, Австрија, Катар и Кувајт.