Алекс Влах пред потпис со Келце

Според информациите на „RTH Handball“, полскиот гигант Келце во своите редови го посакува репрезентативецот на Словенија, средниот бек Алекс Влах.

27-годишниот ракометар, кој  со одличните партии во Целје си обезбеди трансфер во Алборг во сезона 2023/24, се наоѓа пред потпис со тимот на Талант Душебаев.

Влах во Словенија, освен за Целје, настапуваше за Копер, додека на интернационално ниво беше дел и од најтрофејниот клуб од Хрватска – Загреб.

Словенечкиот репрезентативец минатата сезона во дресот на Алборг имаше импресивни партии во ЛШ, сезоната ја заврши со 59 гола, а со данскиот тим го освои второто место на Ф4 турнирот во Келн.

Освен Влах, во Келце од наредната сезона би требало да пристигне уште еден среден бек. Станува збор за членот на Гвардија Ополе, Пјотр Једрашчик.