Алборг одигра перфектни 15 минути и убедливо го совлада Кил

Ракометарите на Алборг во натпревар од 7. коло во Лигата на шампионите убедливо го совладаа составот на Кил со 27:18.

За Алборг ова беше четврти сезонски триумф во европската елита, додека „зебрите“ го доживеаја вториот пораз.

Алборг победата си ја обезбеди уште во првото полувреме, во кое од 15 минута, па сѐ до 27 минута, беше без примен гол. Токму во овој период домаќинот во својата мрежа прими шест гола.

Гостите од Данска одиграа фуриозно во последниот период од првиот дел и по нерешените 5:5, направија серија од 6:0 и во 28 минута дојдоа до предност од 11:5.

Кил речиси 13 минути беше без реализација, никако не можеше да излезе од криза и му дозволи да гостинот уште во првиот дел да направи солидна разлика. Избраниците на Мадсен на полувреме заминаа со резултатска предност од 11:6.

Овие пет гола позитива на Алборг му овозможија помирен тек во вторите 30 минути, во кои имаше целосна контрола. Алборг во 40 минути зголеми на 21:12 и тука веќе завршија сите надежи на Кил за било каков резултатски приклучок.

Најефикасни во победничката екипа беа Себастијан Бартхолд со шест и Кристијан Бјорнсен со четири погодоци. Во поразениот табор прво име беше Никлас Екберг со осум погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ВЕСПРЕМ870114
2ПСЖ ХЕНДБОЛ860212
3СПОРТИНГ851211
4ДИНАМО БУКУРЕШТ850310
5ФУКСЕ БЕРЛИН84048
6ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР81254
7ХК ФРЕДЕРИЦИЈА81163
8ВИСЛА ПЛОЦК81072