Данскиот Алборг, откако остана без легендарниот Микел Хансен, кој замина во пензија, се соочи со уште еден проблем на стартот на новата сезона.
Најмалку два месеци, тимот предводен од Мајк Махулија, ќе биде без услугите на голманот Никлас Ландин.
Тој ќе мора да го оперира коленото, поради повреда што на стартот не изгледше страшно, но потоа беше установено дека проблемот ќе мора да се реши со операција.
Во следните најмалку два месеци, голмани на Алборг ќе бидат Фабијан Норстен, како и младинецот Тобијас Буге.
Данскиот првак во првата рунда од Лигата на шампионите ќе игра на домашен терен против францускиот Нант.