Данскиот вицепрвак Алборг славеше важен триумф над ПИК Сегед со 31-26, иако губеше во првиот дел и со пет гола разлика.
Избраниците на Кристијан Карпати има контрола на резултатот и навидум беа на чекор до бодови среде Данска.
Но Алборг до паузата намали на минус два, 16-14. Во вториот дел некаде до 45 минута исто така ПИК Сегед беше тимот што водеше, пред да влезат во „црна дупка“.
Не погодија неколку напади по ред, па Алборг од 24-22, со четири гола преку Влах, Хансен и Хоксер, го сврти резултатот во своја полза.
Гостите уште повеќе паднаа во финишот и Алборг рутински го доврши мечот со триумф од пет погодоци.
Најдобар стрелец кај победникот беше Алекс Влах со пет погодоци, додека кај ПИК Сегед, Марио Шоштариќ, имаше седум реализации.
Данскиот тим сега има 16 бода на врвот исто колку Кил, додека ПИК Сегед ќе мора да почека за потврда на местото во елиминациите.