Данскиот вицепрвак Алборг, кој во среда ќе му гостува на Еурофарм Пелистер, во наредната сезона ќе има нов предводник на клупата.
Актуелниот тренер Стефан Мадсен иако имаше активен договор со Алборг, требаше да остане и во наредната сезона, сепак, двете страни одлучија пријателски да се разделат.
Од Алборг преку клупската страна соопштија дека од овој момент раководството на клубот ќе ја започне потрагата по новиот тренер.
47-годишниот Мадсен во Алборг работи повеќе од десет години, има освоено три шампионски титули во данскиот шампионат, две Куп титули и три трофеи во Супер Купот на Данска.
Алборг под негово водство обезбеди пласман на Ф4 во Лигата на шампионите во сезона 2020/21, но не успеа да го освои златото, откако во финалето загуби од Барселона.
Мадсен со неговите избраниците се на добар пат да обезбедат директен пласман во четвртфиналето во европската елита.