Аларов: Ќе пробаме нови тактички замисли во Винтертур

Mашката репрезентација на Македонија од денеска го стартува настапот на „Жолтиот Куп“ во Винтертур.

Прв ривал на избраниците на Кирил Лазаров ќе биде селекцијата на Бахреин, а кружниот напаѓач Михаил Аларов ги сподели очекувањата од настапот на овој турнир.

„Имаме одлична атмосфера во нашиот табор. Успеавме малку да се одмориме, утрово имавме активација и загревање, па мислам дека сме подготвени за настап. Ќе се обидеме да пробаме некои нови тактички замисли, но сите ќе го дадеме нашиот максимум за позитивен резултат“, изјави Аларов.

Македонија и Бахреин ќе играат вечерва од 20:30 часот.