Тимот на Кадсија, во чиј стручен штаб се актуелниот селектор, Кристијан Грчевски, и поранешниот предводник на женската репрезентација на Македонија, Зоран Кастратовиќ, приреди сензација во Кувајт.
Кадсија предводена од Кастратовиќ и Грчевски, го совлада силниот Кувајт Клуб, каде што брани екс вардарецот Али Сафар, со 32-30.
Години наназад Кувајт Клуб немаше пораз на домашна сцена и ги освојуваше без проблеми сите трофеи, но очигледно сега има силен конкурент.
На овој натпревар главни играчи во Кадсија беа некогашни членови на Металург, Василије Калуѓеровиќ и Владан Липовина.
Левиот бек Калуѓеровиќ беше избран за МВП и постигна 12 голови во мрежата на Кувајт Клуб, додека Липовина додаде уште девет во големата победа.
Кадсија и Грчевски ги очекува уште еден натпревар против Ал Фахахил од првенството в сабота, пред селекторот да се посвети на обврските со женската репрезентација на Македонија и квалификациските средби со Азербејџан и Литванија.