Македонија победнички го заврши настапот на Европското првенство во Германија по триумфот над Швајцарија со 29-27.
Кружниот напаѓач Жарко Пешевски вели дека ова беше најдобар настап досега и заслужена победа над квалитетниот ривал.
„Знаевме дека Швајцарија е нашата шанса. Како секој спортист, посебно во колективен спорт, се надевавме дека ќе ни се насмевне среќата. Работиме 25 дена заедно, живеевме за овој ден и ја израдувавме Македонија. Ова беше наш најдобар настап досега, тие технички грешки од првите два натпревари ги намаливме. Изгледавме како тим и заслужено победивме. Тука сме секој собир да ја поправиме нашата иднина, иако некој се сомнева во нас, треба мирно да спие затоа што овде има мангупи“, изјави Пешевски.
Следен голем предизвик за Македонија ќе биде баражот за Светското првенство во 2025 година.