Унгарскиот гигант Веспрем секоја сезона ја стартува со високи амбиции, вложува се повеќе и повеќе, но никако да ја освои најпосакуваната титула – онаа во Лигата на шампионите.
Притисокот во Веспрем е голем, па не сите играчи можат да се справат со него и да остават трага во овој клуб.
Тој факт го потврдува и српскиот репрезентативец Драган Пешмалбек, кој во интервју за „Моцарт Спорт“, вели дека ако не си ментално силен, не можеш да играш за овој клуб.
„Не е секогаш добро да се им притисок. Играв во Нант, кој исто така е голем клуб, но таму не е како во Веспрем. Тука се работи и за унгарскиот менталитет, победнички е, сите сакаат да се победи на секој натпревар. Луѓето не сфаќаат дека тоа не може да се случува секогаш. Мора да се навикнеме на тој стил на живот, на притисок. Ако не си ментално силен, не можеш да играш за Веспрем“, изјави Пешмалбек.
Веспрем на четири кола до крајот на регуларниот дел од сезоната во Лигата на шампионите има 10 бода на третото место во групата А, зад Фуксе Берлин со 18 и Алборг со 17, па тешко дека ќе стигне до директно место во четвртфинале и ќе мора да игра осминафинале со некоја од екипите од групата Б каде што се Висла, ПК Сегед, ГОГ Гудме, ПСЖ, Еурофарм Пелистер и Загреб.


























