Тимот на Ајдовшчина, каде што игра Михаил Иваноски, а тренер е Раде Стојановиќ, запиша втора победа во вториот меч од пролетната полусезона.
Ајдовшчина убедливо славеше на гостински терен кај Себастјана Совича со 36-22, а најголем дел од заслугите одат на адреса на македонскиот десен бек.
Иваноски беше најдобар стрелец и успеа да постигне дури 11 погодоци во противничката мрежа, од кои девет беа во второто полувреме.
Ајдовшчина е втора на табелата со 23 бода, зад лидерот Копер кој има 25 на првото место, а следен предизвик ќе биде дуелот на гостински терен кај Чрномељ.
























