Ајдовшчина на Стојановиќ и Иваноски на врвот

Тимот на Ајдовшчина каде тренер е Раде Стојановиќ, а игра Михаил Иваноски, се најде на врвот во битката за словенечката елита.

Ајдовшчина на домашен терен славеше против Драва Птуј со 31-28, а конкурентот Копер загуби кај Кршко, па „македонскиот“ тим го презема лидерското место.

Иваноски на овој дуел успеа да постигне седум гола во противничката мрежа, а последниот беше за точка на мечот.

Ајдовшчина има 30 бода на првото место, Копер сега е втор со исто толку, додека на третото место е Мокерц со 28 бодови, па ќе биде интересна битката за пласман во словенчката најсилна конкуренција.

Откако дојде Стојановиќ на клупата на овој клуб, Ајдовшчина нема пораз на шест натпревари.