Левиот бек Никола Цветаноски од лето ќе го има првиот интернационален предизвик и ќе се пресели во Словенија.
Toј ќе биде дел од второлигашот Ајдовшчина, за кој во пролетниот дел од минатата сезна играше и екс членот на Тиквеш, Срѓан Мијатовиќ.
„Доаѓа македонскиот бомбардер Никола Цветаноски“, напишаа од словенечкиот клуб на социјалните мрежи.
Цветаноски потекнува од Струга, играше за Вардар Јуниор и Голден Арт, пред да се врати во родниот град.
Потоа направи трансфер во Прилеп, таму играше три сезони и беше меѓу најдобрите стрелци, а сега првпат оди во странство.