Во битката за што подобар пласман оваа сезона во Супер женската лига, екипата на Астибо ангажираше две странски засилувања.
Tимот предводен од Дејан Величков оваа сезона се засили со неколку домашни ракометарки, а сега право настап добија и две интернационалки од Ангола.
Станува збор за поранешните младински репрезентативки на Ангола, Жанет Вероника Хомба и Мауде Кумбелембе Бартоломео, кои настапија на СП во Македонија минатата година.
Левиот бек Хомба има 22 години, настапуваше за најтрофејниот тим од Ангола, Премиеро Де Аугусто, додека левото крило Бартоломео има 21 година и играше за Каса Песоал До Порто.
Претходно штипјанки се засилија со Клементина Ѓурческа, Мила Филипова, Марија Бојковска, Ангела Петровска, Кристина Младеновска Кузмановска, Хани Чобанова, а договорите ги продолжија Марија Анчева и Елена Димова.
Штипскиот тим Астибо минатата сезона го оствари најголемиот успех во клупската историја и се пласираше во плеј-офот од Женската лига, а оваа сезона имаат една победа, едно реми и четири порази.

























