Аеродром со шест нови ракометари почна со тренинзи

Ракометарите на Аеродром тренираат веќе една седмица за пролетниот дел од сезоната во Првата лига.

Под водство на тренерот Митко Стоилов, аеродромци кои завршија во ТОП 5 на табелата по есенскиот дел, во СЦ „Јане Сандански“ ќе ги одработат тренинзите за предизвиците кои следуваат.

Аеродром го напушти само пикерот Матеј Марковски кој се пресели во суперлигашот Бутел Скопје, а за напролет дојдоа шесттмина нови ракометари.

Станува збор за пикерот Ангел Мирчески, десното крило Петар Тодоровски, голманот Филип Митев, средниот бек Стефан Стефаноски и левото крило Аган Бериша.

Првото коло од пролетниот дел од сезоната во Првата лига се игра на 14/15 февруари.