Ракометарите на Аерором ја запишаа седмата победа во прволигашката конкуренција, откако славеа против Текстилец од 37-32.
Ова беше седми триумф за момците на Митко Стоилов, а четврти во последните пет средби што им донесе 14 бода и петто место на табелата на крајот на 2025 година.
Аеродром водеше во текот на целиот меч, на паузата беше 20-15 и ниту еднаш не беше доведена во прашање победата.
По седум гола за победничкиот тим дадоа Аврамовски и Атанасовски, додека по пет пати стрелаа Поповски и Божиновски.
За составот на Текстилец, девет реализации имаше Џинес, а осум Атанасовски.

























