Тимот на Аеродром и во новата сезона ќе биде дел од прволигашката конкуренција, но ќе има нов претседател, и секако амбиции да биде место каде младите ќе добијат шанса за докажување и напредок. На местото на досегашниот претседател и тренер Дарко Петровски, доаѓа поранешен македонски репрезентативец – Лазе Мајнов.
Петровски заминува на друго место, но клубот останува во раце на искусни спортски работници кои имаат визија и цел. Лазе Мајнов кој играше на позиција десен бек е поранешен играч на Металург, Вардар, Загреб, Еурофарм Работник… и беше и репрезентативец на Македонија.
Досега беше поврзан со формирањето на функционирањето на младинските школи во Бутел, пред неколку години, но веќе е упатен во функционирањето на спортски колектив. Освен Лазо Мајнов кој ќе биде нов претседател, клубот ќе добие и нова управа. Аеродром играше и во суперлигашката конкуренција пред две сезони, а мината сезона беше дел од Првата лига.
Со доаѓањето на Мајнов и новата управа, клубот кој важи за одлична средина за развој на млади ракометари, ќе продолжи во истата насока и ќе се обиде да афирмира македонски деца. Дел од сегашните репрезентативци потекнуваат токму од школата на Аеродром, кој е познат и со успеси со младинските категории претходните сезони. Аеродором е единствениот машки ракометен тим што егзистира на територијата на Општина Аеродром во Скопје.