Екипата на Аеродром ја запиша втората победа во прволигашката конкуренција, откако славеше против Преспа со 33-25.
Гостите од Ресен одржуваа рамнотежа петнаесетина минути, кога беше 9-8, а потоа со серија од три гола, Аеродром се одлепи на плус четири, 12-8.
На паузата беше 17-11, а пред крајот на полувремето Кристијан Самоиловски доби црвен картон, но тоа не беше пречка за Аеродром вториот дел да го одработи рутински.
Бојан Божиновски ги предводеше аеродромци со осум гола, а Димитар Босилковски и Давид Аврамовски дадоа по пет погодоци. Кај Преспа, премалку беа 12 гола на Христијан Ристевски.
Аеродром во следното коло е слободен, додека Преспа ќе гостува кај „витамините“ во Автокоманда.