Аеродром донесе уште еден ракометар за прволигашките битки

Тимот на Аеродром, кој во следната сезона ќе биде дел од прволигашката конкуренција, објави дека е потпишан договор со уште еден нов ракометар.

Во тимот за следната сезона се приклучува и Благоја Зафировски, кој доаѓа од редовите на Вардар и игра на позиција лев бек.

Аеродромци минатата недела објавија дека потпишаа договори со тројца кадети – Марко Николов, Бошко Ѓорѓиевски и Лазар Гулевски, кои од септември ќе имаат можност да се пробаат и во сениорска конкуренција.

Претходно тимот предводен од Дарко Петровски се договори и со Иво Петровски, Иван Ќурчиев и Стефан Ристоски.

Од Аеродром најавија и нови млади лица, кои ќе бидат промовирани следниот период и ќе бидат дел од прволигашот од лето.