АЕК Атина престојното лето го очекуваат големи промени во играчкиот кадар, откако досега клубот се раздели со петмина ракометари.
Грчкиот вицепрвак му се заблагодари на левиот бек Стипе Мандалиниќ, кој по две сезони во Атина заминува во Кувајт.
Од АЕК Атина по две сезони си замина и хрватскиот дефанзивец Лука Соколиќ, како и средниот бек – Бразилецот Лемос, кој оди во Татабања.
Прекуброен во тимот предводен од Фредерик Бужан е десниот бек Ефтимиос Илиопулос, а замина и левото крило Максимилијан Тике.
Во следниот период учесникот на Струшкиот турнир ќе ги промовира новите засилувања за наредната сезона, во која ќе се обиде да се врати на грчкиот трон.