AEK нема да игра – во Охрид доаѓа словенечкиот Тримо Требње!

Екипата на Тримо Требње ќе биде замена за грчкиот АЕК Атина на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид.

По последните случувања и суспензијата од Европа, екипата на АЕК нема да дојде во Охрид, но организаторот најде квалитетна замена.

Словенечкиот Тримо Требње, кој со македонскиот стратег Раде Стојановиќ го освои третото место во првенството, доаѓа покрај езерото.

Ќе биде дел од групата Б каде се Вардар, Еурофарм Пелистер и Динамо Панчево.