Првото сезонско дерби во јужниот сосед го доби АЕК Атина кој славеше на гостувањето кај големиот ривал Олимпијакос со 30-28.
По израмнетиот прв дел, кој заврши 18-18, АЕК Атина предводен од францускиот голман Жанти полека почна да ја презема контролата и поведе со 23-20.
Во финишот беше и 27-23, но упорните избраници на Жељко Бабиќ успеаја да намалат на само минус еден, 29-28.
Но во последниот напад погоди некогашниот ракометар на Еурофарм Пелистер, Вилсон Дејвис, и АЕК Атина сега има седум од седум во грчкиот шампионат.