АЕК две сезони нема да игра во Европа и ќе плати 20.000 евра !

Ракометниот судот при ЕХФ донесе дополнителна одлука во врска со случајот отворен по откажувањето на вториот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот Куп за мажи кој првично беше закажан за 25 мај 2025 година во Скопје.

Судот утврди дека АЕК Атина го прекршил основното правило за задолжително учество на закажан натпревар. Одбивањето да се одигра натпреварот не само што претставува сериозно неспортско однесување кон сите противнички екипи, туку исто така повлекува строги последици, утврдени во регулативите на натпреварувањето и во Листата на казни на ЕХФ.

Како резултат на тоа, Судот за ракомет при ЕХФ изрече парична казна од 20.000 евра за АЕК Атина. Дополнително, клубот е суспендиран од учество во ЕХФ натпреварувања во траење од две сезони. Половина од оваа суспензија (една сезона) се изрекува условно, со пробен период од две години.

Жалба може да се поднесе до Апелациониот суд на ЕХФ во рок од 7 дена