АЕК донесе португалски тренер, ги задржа Жанти и Шмит

Суспензијата од една сезона од Европа очигледно не го поколеба грчкиот АЕК Атина во задржувањето на дел од ракометарите, како и во формирањето на силен тим што може да ја врати титулата.

Фредерик Бужан е минато за АЕК, а грчкиот тим веќе го промовираше новиот тренер – тоа е Португалецот Руи Силва. Силва има 42 години, зад себе има искуства како асистент тренер во Порто и Спортинг Лисабон, а минатата сезона работеше во францускиот Нанси.

АЕК успеа да ги задржи францускиот голман Јан Женти, кој потпиша договор на една сезона, како и германскиот пивот Ерик Шмит, чиј договор ќе трае до 2027 година.

Меѓу новите имиња е средниот бек од Египет, Омар Салем, кој се обврза на верност до 2027 година, исто како и бундеслигашкта ѕвезда Јулијус Кун, кој дојде од Битигхајм.

Претходно договорите ги продолжија и екс пелистерецот Вилсон Давајес (2026), Дилан Гаран (2026), Вангелис Арампацис (2027), Александрос Кукулас (2026), Виктор Властос (2026), Димитрис Панајоту (2027), како и Сулејмани Туре (2027).