АЕК Атина се жалеше во Виена, но ЕХФ го одби!

Грчкиот вицепрвак АЕК Атина поднесе жалба против одлуката на Ракометниот Суд при ЕХФ, донесена на 16 јуни 2025 година, во врска со санкциите изречени по натпреварот во Скопје против тимот на Лазаров што требаше да се игра на 25 мај од финалето на ЕХФ Европскиот Куп.

Судот за жалби при ЕХФ одлучи целосно да ја потврди одлуката од прв степен, оценувајќи дека изречените санкции се соодветни и пропорционални на фактите и прекршувањата.

Со тоа, во сила останува одлуката на Ракомениот Суд при ЕХФ, што значи дека АЕК Атина ќе мора да ја плати казната од 20.000 евра.

На сила останува и суспензијата од две сезони во европските купови, од кои една сезона е условна, па АЕК ќе може да се врати во ЕХФ од идното лето.

Пкрај тоа, АЕК Атина е должен да ги надомести сите штети и трошоци настанати за учесниците, организаторот, ЕХФ и нивните партнери по приложени докази за тие штети и трошоци.

Освен за мечот во Скопје, ЕХФ неодамна изрече казни за АЕК Атина и за случувањата во четвртфиналниот дуел против Партизан во Белград.

Нова казна од ЕХФ за АЕК Атина

АЕК две сезони нема да игра во Европа и ќе плати 20.000 евра !