Женската репрезентација на Словенија за време на ЕХФ неделата, во периодот од 23 до 28 септември, ќе го има првиот собир по учеството на првата Олимпијада, на која не ги оствари зацртаните цели.
Селекторот на Словенија, Драган Аџиќ, го објави списокот за ЕХФ неделата, па за очекување е поголемиот дел од ракометарките да настапат и на Европското првенство 2024, кое ќе се одржува во Австрија, Унгарија и Швајцарија.
На списокот кај Аџиќ недостасуваат речиси сите главни ракометарки, поголемиот дел од нив по настапот на ОИ најавија пензионирање (Тамара Мавсар, Барбара Лазовиќ, Аља Варагиќ, Амра Панџиќ…а Нина Спрејџер ќе паузира одреден временски период.
Меѓу оние кои најавија пензионирање ѐ и Ана Грос, една од најдобрите ракометарки на денешницава, додека средниот бек Елизабет Омореги не е на списокот поради проблеми со коленото и дури во октомври ќе се знае дали искусната ракометарка ќе игра на континенталниот собир.
Словенија на ЕП 2024 во групната фаза за ривали ги има репрезентациите на Словачка, Австрија и Норвешка.