Женската репрезентација на Македонија ги дозна ривалите во квалификациите за ЕП 2026, кое за првпат во историјата ќе се игра дури во пет држави – Романија, Полска, Чешка, Словачка и Турција.
Македонија се најде во групата 3 и ќе игра против Германија од првиот шешир, Словенија од вториот шешир, и Белгија од четвртиот шешир.
Словенечкиот селектор Драган Аџиќ ги сподели своите очекувања за квалификацискиот циклус.
„Со Германија имаме негативни искуства, па ќе биде дополнителен мотив да ја победиме конечно. Репрезентацијата на Македонија е во процес на помладување и со млад селектор и сигурно ќе побара квалитетна анализа и подготовка, додека Белгија долго време не е на ниво за да се квалификува на најголемите натпревари. Верувам дека нашата нова генерација на играчи ќе го почувствува играњето на Европското првенство и дека на секој квалификациски натпревар ќе биде на високо ниво и ќе ги исполни сите зададени задачи,“ изјави селекторот Аџиќ.
Квалификациите ќе се играат од 15 до 19 октомври 2025, во периодот од 4 до 8 март 2026, и од 8 до 12 април 2026 година.
Дамите отвораат со Германија на гости, за крај гостување во Словенија
Македонија ги дозна ривалите – еве кои селекции стојат на патот до ЕП 2026