Адела Еленин се врати во Куманово

По средниот бек Ангела Шехтанска, левото крило Мила Мемов и десното крило Росана Павлова, тимот на Куманово донесе уште едно засилување.

Станува збор за левото крило Адела Еленин, поранешната кадетска и младинска репрезентативка на Македонија.

Таа се враќа во Куманово, откако одигра полусезона во составот на Деспина од Прилеп, каде што играше и претходно.

Куманово и стратегот Славиша Димитријески сега имаат поширок ростер за пролетниот дел од сезоната, па влегуваат со големи амбиции.

По два меча, Куманово има еден бод откако одигра реми на гостувањето кај Вардар, а загуби на гости кај фаворитот Чаир.