Српскиот интернационалец Лазар Адамовиќ во новата сезона ќе биде дел од македонскиот ракомет, но има нов клуб.
Тој во пролетниот дел од сезоната играше за Струга и Радовиш, а од лето ќе ги брани боите на Младост Богданци.
Амбициозниот прволигаш го договори за тренер Горан Андоновски, а прво засилување е десниот бек Адамовиќ.
Србинот играше за Охрид, потоа во Чешка, Шпанија, на Кипар, пред да се врати во Македонија оваа сезона.
Младост Богданци ќе биде петтиот македонски клуб за Адамовиќ, бидејќи има играно и за Вардар Неготино.
Покрај Адамовиќ, Младост Богданци го ангажираше и младиот Гоце Аргиров, кој доаѓа од струмички Астраион.