Екипата на Драгонс од третата германска лига се пофали дека го ангажирале Ацо Јоновски како нов тренер на втората екипа и асистент тренер на првата екипа, која настапува во третата лига.
Поранешниот македонски репрезентативец и Бундеслига професионалец доаѓа со импресивно тренерско искуство – има ЕХФ мастер коуч лиценца, бил поранешен тренер на Интерактив (трета лига, Германија) и беше асистент на Кирил Лазаров во македонската репрезентација од 2021 до СП 2023. Сега, тој ќе ги вложи своите знаења во развојот на клубот.
„Многу се радувам на новиот предизвик со Драгонс. Ова е одлична можност да го пренесам своето искуство на новите генерации. Со Богдан Кричиотоиу, повторно ќе работам со стар пријател од моите денови во BHC“, изјави Јоновски
Кричиотоиу ќе биде негов помошник во втората екипа, а исто така ќе го води и А-тимот на младинците, откако Марк Драгански се раздели со клубот.