Аце Станковски е нов тренер на Куманово

Тимот на Куманово во новата сезона ќе влезе со нов тренер, откако на местото на Љубиша Димковски, беше назначен Аце Станковски.

Станковски минатите две сезони ги водеше младинските категории во Куманово и имаше одлични резултати, а сега управата му ја даде довербата да го води првиот тим.

Досегашниот стратег кој беше на клупата три сезони, Љубиша Димковски, во иднина ќе биде спортски директор во клубот.

Станковски е поранешен македонски репрезентативец, кој има големо тренерско искуство во повеќе клубови.

Покрај селекторската функција во женската кадетска селекција, работеше во Вардар Јуниор, Вардар и ЖРК Вардар, како и во тимот на Скопје, а го водеше и косовскиот Кастриоти.