Стојаноски „спушти ролетна“, Бутел како на тренинг против Куманово

Екипата на Бутел Скопје им се врати на победите во суперлигашкото друштво, откако на гостувањето во Куманово кај истоимената екипа славеше со 29:22.

Избраниците на Горан Кузманоски отворија според посакуваното, поведоа со 4:0 во воведните пет минути, а домашниот тим првиот гол го постигна дури во 10 минута преку кружниот напаѓач Дарио Симоноски.

Гостинот од Скопје немаше многу проблеми, лесно стигнуваше до реализација, на полувреме замина со резултатска предност од плус осум, 13:5, додека вторите 30 минути, кои беа повеќе формалност, ги одработи рутински.

Во победничкиот тим расположен меѓу стативите беше искусниот Александар Стојаноски, кој не дозволуваше лесно да биде совладан. Кај Бутел најефикасен беше Дамјан Субашевски со осум гола.

Кај домаќините најрасположен за игра беше Давид Димевски, постигна седум гола во мрежата на гостите, а по четири имаа Иван Димитров и Дарио Симоноски.

Бутел Скопје во следното, 13. коло од најквалитетното домашно натпреварување ќе го пречека Охрид.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200240
2ВАРДАР 196122200240
3АЛКАЛОИД22200240
4ОХРИД22142630
5ТИКВЕШ 201422113825
6БУТЕЛ221201024
7ПРИЛЕП22731217
8ПРОЛЕТ22651117