📷 About last night…


16.01.2023 ШВАЈЦАРИЈА vs МАКЕДОНИЈА 27-29

Ракометните репрезентативци на Македонија со пораз го пратија во пензија величествениот Андре (Енди) Шмит, еден од најдобрите централни бекови во ракометната историја. По поразите од Франција и Германија, падна и вербата и надежта дека можеби ова е првенство кое ќе донесе нови бодови, не само на контото на Македонија во група А, туку и на ранг листата на Европа и светот. По долг пост македонските ракометари повторно ја израдуваа спортската јавност и поставија нови предизвици пред себе. Швајцарија е поразена, Македонија со крената глава го напушта Берлин и се врти кон предизвиците кои треба да ги донесат квалификациите за Светскиот ракометен собир наредната година во Хрватска и Норвешка.