Aсистенцијата некогаш е подобра од голот – ЕХФ ги избра топ 5 во групите од ЛШ (ВИДЕО)

Додека се чека продолжувањет од Лигата на шампионите ЕХФ ги избра најдобрите асистенции во групната фаза.

Во топ 5 нема претставници од Вардар кој се избори за осминафинале против Веспрем тука се: Петар Ненадиќ од Веспрем, Бењамин Батаиле од Монпелје, Фабио Магхалес од Порто, Арстем Каралек од Келце и Дика Мем од Барселона.

Ќе потсетиме, Вардар во осминафиналето од Лигата на шампионите прво игра дома против Веспрем на 31. март, додека реваншот е шест дена подоцна на гостински терен.