Актуелниот директор на Агенцијата за млади и спорт и поранешен ракометен репрезентативец, Наумче Мојсовски го награди својот поранешен соиграч Филип Миркуловски.
Миркуловски против Чешка го одигра својот последен репрезентативен натпревар во кој Македонија ја победи Чешка и обезбеди пласман на Светското првенство кое ќе се игра на почетокот на наредната година.
„За ракометарот нема последна игра! Ниту еден спортист не застанал тука каде што кажал крај! Неговиот придонес и со дела и како идол, продолжува да мотивира нови генерации, да создава одлични спортисти! Филип Миркуловски не можеше да има подобара последна игра! 🇲🇰🇲🇰🇲🇰 Ја однесе Македонија на светско и беше дел од репрезентација која испишува историја!🇲🇰🇲🇰🇲🇰 Моја чест и задоволство е што денеска и како директор на Агенција за млади и спорт / Agency of youth and sport, но и како соиграч на Миркуловски имав можност да му оддадам признание за особен придонес за афирмација на ракометот.Ти благодариме“, напиша Мојсовски.