Aлборг за историја, си обезбеди Ф4 и ја остави Германија без тим во Келн

Ракометарите на Алборг се новото изненадување во Лигата на шампионите откако денеска успеаја да го елиминираат составот на Флензбург и да ја остават Германија повторно без претставник на завршниот турнир во Келн. Денеска на реваншот, Флензбург победи со 33:29 но тоа не беше доволно за да може да се надомести негативата од пет гола од првиот дуел.

Гостите беа одлични во првото полувреме. Успеаја да одиграат одличен натпревар и постојано парираа. Одработија одлично така што направија резултат кој ги носеше на завршниот турнир во Келн.

На паузата тимот на Алборг отиде со предност од 16:14, а овие два гола даваа сигурност дека ќе може до пласман во Келн. Проблемите за Флензбург се појавија и кога Буриќ се повреди во финишот на првото полувреме, па домашните останаа само со Бергеруд на голот.

Сепак, во второто полувреме домашните тргнаа одлично. Успеаја за неколку минути да направат комплетен пресврт и да дојдат до водство од 21:17 во 37. минута. Овие четири гола се чуваа, а потоа на средината од второто полувреме резултатот беше 25:20 и почнаа возбудувањата бидејќи тимот на Алборг на првиот дуел победи со 26:21.

Во 46. минута резултатот беше 26:20, но тогаш почнаа работите да се менуваат бидејќи гостите се разбудија и на осум минути до крајот намалија на три разлика. Имаше големо надигрување до крајот на средбата и шанса за двете екипи. Иако гостите намалија до 27:29, сепак, на 50 секунди до крајот беше 33:28 за Флензбург. Гостите го имаа последниот напад и се обидоа да се изборат за гол за пласман на Ф4.

Домашните играа пресинг, но во Алборг имаше акција за победа. Клар беше стрелец на голот за конечни 33:29 така што Алборг донесе гол за историја за тимот од Данска. Ова беше ден во кој клубот кој подготвува дрим-тим за следните сезони успеа да стигне до голем триумф и веќе е на Ф4. Воедно Германија уште еднаш остана без свој претставник на завршниот турнир во ЛШ.

Стрелецот на последниот погодок, Феликс Клар беше најефикасен во Алборг со седум гола, додека во Флензбург по девет гола имаа Род и Гола.