Aеродром не греши двапати, во Гостивар подобар од Јехона

Откако во 1. коло ракометарите на Аеродром мораа во финишот од средбата против Драчево да спасуваат бодови и дојдоа до поен на дуелот против Јехона во Гостивар не беше повторена истата грешка и беше обезбеден триумф од 33:25.

Уште во првото полувреме беше јасно дека тимот од Скопје е решен да дојде до бодови на оваа средба. Стартот беше со 3:0, а овие три гола предност во продолжение беа зголемени и до девет погодоци.

Предноста на Аеродром растеше до 14:5 во 22. минута, а потоа откако во 25. минута беше 15:7 дојде до опуштање, па на одмор се замина само со плус четири гола, 15:11.

Она што беше згрешено во финишот од првото полувреме беше надоместено во вториот дел кога одново разликата беше зголемена. Позитивата одново беше зголемена така што во ниту еден момент не дојде во прашање победникот.

Аеродром имаше контрола така што на крајот успеа да ги освои трите бода и да дојде до значаен триумф со 33:25 на пресметката со Јехона.

ЈЕХОНА – АЕРОДРОМ   25:33 (11:15)

Сала: „Ринија“ во Гостивар. Судии: Стојанче Јовановски и Виктор Андонов од Скопје. Делегат: Васе Зипевски од Гостивар.

ЈЕХОНА: Павлоски, Стојаноски, Николоски 2, Андриески 2, Јованоски, Бошковски 2, Лазарески, Столески, Тасески 6, Живкоски, Кузмановски 1, Салиу 4, Дукоски 6, Ахмети, Џафери 1, Ефтоски.

Седмерци: 5/7, Исклучувања: 14 мин.

АЕРОДРОМ: Куртановиќ, Павлиќковски, Богдановски, Ефтимов 3, Љубевски, Стојановски 1, Митревски 8, Попов 1, Михајлов 9, Маркудов 4, Блажевски 2, Пејковски, Табаковски 3, Рачевски 2, Ивановски.

Седмерци: 1/2, Исклучувања: 14 мин.