Тимот на Курнон, чиј тренер е Македонецот Марјан Колев, ја забележа третата победа на последните пет меча.
Курнон на домашен терен беше подобар од составот на Маси Ансон со убедливи седум гола разлика, 31-24.
Со новите бодови Курнон има вкупно десет и се наоѓа на делба на осмото место со тимот на Анже.
Колев прави одлична работа со Курнон и се ближи до местата на табелата (од второ до шест) кои водат во плеј-офот за елитната конкуренција во Франција.
Курнон ќе одигра уште два меча до крајот на оваа година пред зимската пауза – на гостински терен кај Безансон и дома против Сарбурж.