Ѕвездата на Барселона и француската репрезентација, Дика Мем, во интервју за порталот „Handnews“ проговори за најтешкиот период од својот живот – смртта на неговата 17-годишна сестра.
Иако со Франција стана европски првак, а со Барса ја освои титулата во ЛШ во 2024, сепак десниот бек не ја памети по добро таа година.
„Можам да кажам дека 2024 беше најтешката година за мене, емотивно гледано. Имаше успеси и падови – со Барселона ја освоивме Лигата на шампионите и шпанскиот шампионат, со Франција бевме европски шампиони, но не успеавме на домашните Олимписки игри,“ вели Мем.
Но, далеку од спортот, Мем се соочи со лична трагедија која го променила неговиот поглед кон животот.
„Смртта на мојата помала сестра беше нешто многу поголемо и поважно од сè друго. Тоа беше тежок удар, но ме натера да ја согледам вистинската слика на животот. Ракометот е важен, сите ние сакаме да победиме, да бидеме најдобри – но вистинскиот живот не се врти само околу спортот“, вели Мем.
Францускиот репрезентативец истакна дека токму таа болка му помогнала да порасне како личност и да најде ново значење во секојдневието.
„Овој искуство ме научи на смиреност. Ми покажа колку се важни блиските и колку животот може да се промени за миг. Сакам да продолжам напред, но сега со поинаква свест“, заврши Мем.