Пелистерецот Хаџиќ ја водеше БиХ до трофеј – стана МВП на ЕХФ шампионатот!

Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Алем Хаџиќ, беше прогласен за МВП на ЕХФ шампионатот за кадети во Словачка.

Неговата Босна и Херцеговина, славеше во финалниот натпревар против селекцијата на Летонија со 38-26.

Хаџиќ целиот турнир го одигра на високо ниво и беше лидер во националниот тим каде што селектор е неговиот татко.

Босна и Херцеговина со освојувањето на овој турнир се пласираше во А дивизијата и обезбеди директен пласман на ЕП 2026 годниа.