Илинден броеше до 48 – трет прволигашки триумф

|
16:57
Share on Facebook

Ракометарите на Илинден ја запишаа третата прволигашка победа, откако на домашен терен беа подобри од Сокол Саса со 48-24.

Избраниците на Дарко Јанев на полувремето ја обезбедија победата кога беше 21-9, а во вториот постигнаа уште повеќе погодоци.

Никола Павловски постигна девет гола за победничкиот состав, а дури седуммина ракометари дадоа по пет погодоци за Илинден.

Во составот на Сокол Саса, Павле Стоиловски, беше најдобар стрелец и 11 пати ја затресе мрежата на Илинден.

На табелата, Илинден е на деветтата позиција со шест бодови, додека Сокол Саса е на последното место без ниту еден бод.

Share on Facebook

Фленсбург понуди 700.000 евра за ѕвездата на Мелсунген – доби одговор „НЕ“

Авор: Редакција
| 16 октомври 2026
22:10
Share on Facebook

Еден од најголемите трансфер-случаи во европскиот ракомет продолжува да се развива. Јоханес Гола, кој летово се пресели од Фленсбург во Мелсунген, ја повлекол вонредната изјава со која бараше предвремено раскинување на договорот.

▶▶▶  Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон
Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet . Со еден клик до сите вести.

Тоа, сепак, не значи дека се откажал од заминување. Гола и натаму сака да се врати во Фленсбург, клубот во кој мина осум години и во кој четири сезони беше капитен. Сега решение се бара преку директни преговори меѓу двата клуба.

Фленсбург веќе направил конкретен чекор. Според информациите на германската агенција ДПА, клубот понудил околу 700.000 евра за предвремено ослободување на Гола од договорот.

Мелсунген ја одбил понудата. Германските извори наведуваат дека клубот бара милионска сума за да се согласи на предвремена разделба со играч кој има договор до летото 2031 година. Тоа е и разбирливо од спортски аспект. Мелсунген го донесе Гола како еден од клучните играчи на новиот проект, а тој во клубот пристигна дури во јули годинава.

Само неколку месеци подоцна, ситуацијата целосно се промени. Дополнителна компликација е клаузулата во договорот на германскиот пикер. Според „Sport Bild“, во договорот е предвидена откупна сума од 500.000 евра плус данок, која важи ако интерес покажат шест конкретни клубови – Фленсбург, Барселона, Келце, ПСЖ, Рајн Некар Левен и Кил.

Но токму околу тоа кога може да биде активирана клаузулата постои правна дилема. Во документот стои дека можноста може најрано да стапи во сила на 30 јуни 2028 година, додека различни страни различно го толкуваат останатиот дел од формулацијата. Ако Мелсунген не обезбеди европски настап, предвидената сума се намалува на 375.000 евра.

Поради тоа трансферот за летото 2027 – или евентуално уште порано, не може едноставно да биде реализиран со активирање на клаузулата. Засега мора да има договор меѓу клубовите.

Капитенот на Германија претходно јавно објасни дека причините за неговата желба се семејни. Гола призна дека одлуката да потпише за Мелсунген била донесена многу порано, а во меѓувреме животните околности на неговото семејство се промениле.

Во својата јавна реакција тој нагласи дека ситуацијата веќе не е само прашање на носталгија и дека сериозно влијае врз неговата ментална состојба. Мелсунген потоа потврди дека причините за неговото барање се поврзани исклучиво со семејната ситуација. Гола продолжи нормално да тренира и да настапува за Мелсунген и покрај целата ситуација.

▶▶▶  Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон
Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet . Со еден клик до сите вести.

Share on Facebook

МВП ЗА МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ ВО СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА – МАРИЈА АНЧЕВА (ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 2)

Авор: Душко Андов
| 16 октомври 2026
17:11
Share on Facebook

Средниот бек на Ѓорче Петров 2, Марија Анчева, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП за месец септември во Супер женската лига.

Анчева играше одлично во првите три средби од оваа сезона во новиот клуб, во кој заедно со искусната Савица Мркиќ Стојанов, се од голема помош на младите „лавици“.

Таа освои 72% од гласовите на анкетата, додека второпласирана беше Стефанија Ѓорѓиевска од Чаир која освои 8% од гласовите.

Номинирани за МВП за месец септември во Супер женската лига беа уште и Анастасија Николовска од Спартак, Емилијана Ризоска од Ѓорче Петров и Леона Миленкоска од Вардар.

Share on Facebook

ДВЛМ СО СИСТЕМСКИ ПРИСТАП КОН ОДГОВОРНОТО ИГРАЊЕ

Авор: Редакција
| 16 октомври 2026
12:07
Share on Facebook

Превенцијата, едукацијата и стручната поддршка се клучни за препознавање и намалување на ризиците од проблематично играње игри на среќа. Одговорното играње не почнува тогаш кога ќе се појави проблем, туку многу порано, со информираноста, свесноста за ризиците и навременото препознавање на предупредувачките знаци.

Токму затоа, Државна Видеолотарија на Македонија Касинос Австрија, преку иницијативата „Играј одговорно“, континуирано вложува во превенција, едукација и психо-социјална поддршка, со јасна цел: да ја зајакне свесноста за одговорното играње и да обезбеди стручна помош за лицата кои се соочуваат со предизвици поврзани со играњето игри на среќа.

Од 2019 година, иницијативата се развива како долгорочна програма за советување, превенција и поддршка, не само за поединците туку и за нивните семејства. Преку мрежата на советувалишта во Скопје, Куманово, Прилеп и Радовиш, поддршката станува подостапна за граѓаните на повеќе локации низ земјата. Со отворањето на советувалиштето во Радовиш во април годинава, мрежата добива нова точка на поддршка, а иницијативата дополнително го прошири својот опфат.

Зад оваа определба стои разбирањето дека одговорното приредување игри на среќа подразбира повеќе од почитување на принципи и стандарди. Тоа значи континуирана грижа, вложување во превентивни механизми и создавање услови за навремена стручна помош.

За Државна Видеолотарија на Македонија Касинос Австрија, општествената одговорност е составен дел од работењето. Преку иницијативата „Играј одговорно“, компанијата ја нагласува важноста на информираноста, раната интервенција и достапноста на поддршката, со посебен фокус на препознавањето и намалувањето на ризиците од проблематично играње.

Целта е јасна: да се зборува отворено, да се препознаваат ризиците навреме и да се знае дека поддршка постои. Бидејќи вистинската одговорност не е само во тоа како се приредуваат игрите на среќа, туку и во тоа колку активно се работи на заштитата на граѓаните и заедницата.

ИГРАЈ ОДГОВОРНО. БИДИ ИНФОРМИРАН. ПОБАРАЈ ПОДДРШКА.

Share on Facebook

Три ракометарки постигнаа по десет гола, Вардар триумфално против Атлетик

Авор: Душко Андов
| 17 октомври 2026
20:56
Share on Facebook

Ракометарките на Вардар полесно од очекувањата славеа со 33-28 во натпреварот од 6 коло во Супер женската лига.

Натпреварот го одбележаа ракометарката на Вардар, Леона Миленкоска, како и двете членки на Атлетик, Сара Богојеска и Анастасија Величковска, кои постигнаа по десет погодоци.

По 6-6 по десетина минути, Вардар отиде на плус три, 9-6, и оттогаш до крајот на натпреварот не ја испушти предноста, која не беше помала од три погодоци. На паузата избраничките на Даниела Новеска водеа со 14-11, а во вториот дел немаше големи возбудувања.

Покрај Миленкоска, во победничкиот состав се истакнаа Трифуновска со седум, Тодоровска со шест и Мила Лашкоска со пет погодоци, а кај Атлетик пет пати погоди Дамјановска.

Во следното коло по ЕХФ паузата, Вардар ќе го пречека Пелистер, додека Атлетик ќе му гостува на Ѓорче Петров 2.

Share on Facebook

Узунчев се врати на терените, Целје со убедлива победа

Авор: Душко Андов
| 18 октомври 2026
14:45
Share on Facebook

Македонскиот интернационалец Димитар Узунчев се врати на терените по малата повреда и веќе настапува за словенечкиот шампион Целје.

Тој и неговиот тим славеа убедлива победа над Ајдовшчина со 39-31, откако и на паузата имаа плус три, 19-16.

Узунчев доби минутажа на овој натпревар и успеа да постигне три погодоци од три обиди во противничката мрежа.

Целје сега е трет на табелата со 12 бодови, зад Слован со 14 и Тримо со 13 бодови, а во следното коло ќе игра дома со Рибница.

Share on Facebook