ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Вардар по одмазда во Плоцк – брка прв(и) бод(ови) во Лигата на шампионите

Авор: Душко Андов
| 14 октомври 2026
09:30
Share on Facebook

Во центарот на вниманието на македонската јавност ќе биде настапот на Вардар во четвртото коло во Лигата на шампионите кај Висла Плоцк.

Мечот меѓу овие две екипи се игра вечерва во „Орлен Арена“ со почеток од 20:45 часот, а Вардар досега нема освоено бод, додека другите три екипи имаат по 4 бода.

Вардарци одиграа два драматични натпревари против Мелсунген и Нант, но беа надиграни од Висла Плоцк во Скопје, па и по три порази, Чупиќ и неговите момци не се откажуваат и најави борба за следната фаза додека постојат теоретски шанси.

На домашната сцена се игра заостанатиот натпревар од 5 коло меѓу Вардар и Ѓорче Петров од 19:15 часот, па ќе се комплетира оваа рунда од Супер женската лига.

Свои настапи во домашните првенства ќе имаат и македонските ракометар(к)и – Моника Килдан Јанеска, Евгениј Темелкоски, Ангела Јанкуловска, Ивана Џатевска, Јована Кипријановска, Ивана Арсениевска, Ива Младеновска, Јована Мицевска Митев, Елена Ѓорѓиевска, Дејан Кукуловски…

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

19:15 ВАРДАР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ (МАКЕДОНИЈА)
18:45 АЛБОРГ – ЗАГРЕБ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

18:45 ЦЕЛЈЕ – ПСЖ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:45 КОЛСТАД – ЛУЦЕРН КРИЕНС (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:45 МАГДЕБУРГ – КЕЛЦЕ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:45 ВЕСПРЕМ – ПАРТИЗАН (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 ВИСЛА ПЛОЦК – ВАРДАР (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 НАНТ – МЕЛСУНГЕН (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
14:00 МАНИСА – БУРСА (ТУРЦИЈА)
17:00 ДРАМА – ПАОК (ГРЦИЈА)
18:00 МОСТ – МИХАЛОВЦЕ (МОЛ ЛИГА)
18:00 САЛА – ДУНАЈСКА СТРЕДА (МОЛ ЛИГА)
18:00 СОМБАТЕЉ – ФЕРЕНЦВАРОШ (УНГАРИЈА)
18:00 ГЊИЕЗНО – РУХ КАЛИШ (ПОЛСКА)
18:00 СТАРТ ЕЛБЛАГ – КОБЕРЖИЦЕ (ПОЛСКА)
18:00 НАИСА НИШ – ЦРВЕНА ЗВЕЗДА (СРБИЈА)
18:00 ГОРЕЊЕ ВЕЛЕЊЕ – ТРИМО ТРЕБЊЕ (СЛОВЕНИЈА)
19:00 ОЛДЕНБУРГ – БОРУСИЈА ДОРТМУНД (ГЕРМАНИЈА)
19:00 ДУБОЧИЦА – МЕТАЛОПЛАСТИКА (СРБИЈА)
19:30 РАДНИЧКИ КРАГУЕВАЦ – ВОЈВОДИНА (СРБИЈА)

Share on Facebook

📷Пелистерци тренираа во Гумерсбах – подготвени за нов европски предизвик

Авор: Душко Андов
| 12 октомври 2026
19:24
Share on Facebook

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска пристигнаа во Гумерсбах, каде што утре ги очекува нов голем предизвик во Лигата на Европа.

Момците на Лино Червар го одработија последниот тренинг пред утрешната пресметка на која ќе се брка позитивен резултат за да останат надежите за елиминациите во ЛЕ.

Битолчани досега имаат пораз дома од Ла Риоха и бод на гостински терен кај Вибжеже Гдањск, на меч на кој можеа да победат.

Натпреварот меѓу Гумерсбах и Еурофарм Пелистер се игра утре во „Швалбе Арена“ од 18:45 часот.

Share on Facebook

Два црвени картони и „еден тон“ исклучувања: Аеродром со голем пресврт ја сруши Македонија ЃП!

Авор: Душко Андов
| 11 октомври 2026
18:05
Share on Facebook

Составот на Аеродром го доби еден од најинтересните натпревари во 5 коло од Првата лига против Македонија Ѓорче Петров со 31-30 и се најде на врвот на табелата по пет кола заедно со Драчево Јуниор и Текстилец.

Трите екипи имаат по осум бода за делба на првото место, додека по седум бодови досега собраа Пролет и Вардар Неготино, кои се на делба на четвртата позиција.

Мечот меѓу Аеродром и „лавовите“ од Ѓорче Петров го одбележаа и двата црвени картони кај гостите за Марко Станојоски поради три исклучувања, како и Мартин Бучуковски поради груб старт. Судиите Ќаев и Андонов доделија и 11 казни од по две минути.

Гостите водеа со пет гола во првиот дел, 9-4, но на пауза заминаа само со плус два, 14-12. Во второто полувреме преку Тотиќ, Петров и Зафировски стигнаа одново до четири гола залиха, 22-18, а на влезот на последните десетина минути беше 25-21 за избраниците на Оливер Димитриоски.

Домашните не се откажуваа од битката за позитивен резултат, а клучна за двата бода беше серијата од четири гола за четири минути до 55 минута, но и црвениот картон на Бучуковски поради остар старт.

Тогаш момците на Митко Стоилов по негатива од 27-25, поведоа со 29-27. Беше 31-29 на влезот на последната минута, домашните не реализираа, а до крајот Македонија Ѓорче Петров само успеа да намали преку Симоновски, кој постигна погодок по исткеот на времето од слободен удар пред живиот ѕид.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Михаил Митаноски со седум и Бојан Поповски со шест гола, а кај гостите се истакна Бојан Чакалиќ со осум погодоци.

Share on Facebook

Михаловце на Дукоска и Миновска триумфално во МОЛ лигата

Авор: Душко Андов
| 11 октомври 2026
21:44
Share on Facebook

Тимот на Јувента Михаловце, каде што играат двете македонски интернационалки Теодора Дукоска и Сара Миновска, запиша нов триумф во регионалната МОЛ лига со екипите од Чешка и Словачка.

Јувента Михаловце славеше на гостувањето кај чешкиот тим Пишек со 26-23, откако и на полувремето водеше со 14-11.

Миновска постигна три гола на овој натпревар, додека Дукоска која се врати од повредата, беше стрелец на еден погодок.

Михаловце е на делба на врвот во МОЛ регионалната лига со осум бода заедно со Дунајска Стреда и Бањик Мост, а во следното коло ќе гостува повторно во Чешка кај тимот што го елиминира Ѓорче Петров од Лигата на Европа.

Share on Facebook

Се спрема трансфер-бомба: Емил Нилсен на радарот на Фленсбург!

Авор: Душко Андов
| 13 октомври 2026
09:40
Share on Facebook

Данскиот голман Емил Нилсен би можел да го напушти Веспрем по само една сезона и да се пресели во германскиот Фленсбург во летото 2027 година, пренесуваат скандинавските медиуми.

Според информациите на „Rygtebørs“, кој се повикува на свои извори и неколку унгарски медиуми, веќе се водат преговори меѓу Фленсбург и данскиот репрезентативец за можна преселба во Германија.

Нилсен неодамна потпиша тригодишен договор со Веспрем, кој важи до 2029 година. Евентуалниот трансфер во Бундес лигата би значел дека еден од најдобрите голмани во светот би ја напуштил Унгарија по само една сезона.

Шпекулациите за иднината на Данецот се појавуваат во период кога се најавуваат значителни даночни промени во Унгарија од 2027 година. Според информациите на „Daniasport.hu“, новата влада планира да ги заостри даночните правила за спортистите со високи примања и да ги ограничи поволностите што ги нуди актуелниот даночен систем.

Таквите промени би можеле да ги зголемат трошоците за унгарските клубови кои сакаат да ги задржат своите најголеми ѕвезди, а можно е тоа да биде еден од факторите што влијаат врз шпекулациите за иднината на Нилсен.

Засега нема официјална потврда за трансферот, а Данецот има важечки договор со Веспрем до 2029 година. Доколку Фленсбург сака да го доведе уште во летото 2027 година, ќе треба да се постигне договор и со унгарскиот клуб.

Share on Facebook