📸 Започна сезоната на трофеи за Вардар
Вардар останува рекорден по бројот на освоени трофеи во Купот на Македонија, откако со 24-23 го победи Охрид, во драматично финале одиграно во Струмица. За Вардар ова е 18. Куп трофеј во витрините на „црвено-црните“, кои имаат шанса и да ја освојат и двојна круна, бидејќи има 8 бода предност во првенството. Охрид ја има историската сезона за клубот играјќи во финалето, каде милиметри го делеа од голем успех. Имаа охриѓани шанса и последен напад, но имаа неуспешен обид за цепелин, по што истече времето и почна славјето на вардарци.








