четврток, септември 11, 2025

🎥 АКО НЕШТО ПРОПУШТИВТЕ: Победата на пелистерци над Загреб во 200 секунди!

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер славеше против хрватскиот Загреб со 25-23 во натпреварот од првото коло во Лигата на шампионите. Иако битолчани можеа многу порано од последните секунди да го решат победникот, сепак дозволија драма, 24-23, Загреб имаше напад да си замине со бод од тешкото гостување, но не беше искористен, остана време за Хеидарирад да постигне погодок на празен гол и да ја потврди победата.